Филм & ТВ

Сагата продолжува: Том Холанд и спојлерите

24. јуни 2019 - 12:21 | А.С.

Том Холанд никако да научи кога треба да го држи јазикот за заби.

Ѕвездата на „The “Spider-Man: Far From Home“ досега има издадено безброј спојлери за франшизата „Avengers“, но се чини никако не може да си ја научи лекцијата.

Во синоќешното гостување во Шоуто на Греам Нортон, додека зборуваше за новиот филм, тој откри кој важен лик умира во „Avengers: Endgame“.

„Филмот е директно продолжение на ‘Avengers: Endgame’, па се справуваме со последиците од смртта на Тони Старк“, рече Холанд.

„Извинете ако некој уште го нема гледано филмот! Ако е така, да бидам искрен, сигурно живеете во пештера.“

Иако режисерите на „Endgame“, браќата Русо, ја тргнаа забраната за спојлери минатиот месец, откривањето на овој голем детаљ не наиде на добар прием кај гледачите на Шоуто на Греам Нортон кои секако, побрзаа да се пожалат на Twitter.

Всушност, овој најнов спојлерски гаф на Холанд не е ништо во споредба со тоа што го има правено порано.

22-годишниот актер почна толку често да го прави тоа, што веќе неколку пати случајно им откри на фановите што ќе се случи во филмовите, па затоа последниот пат не го доби целото сценарио за најновото продолжение „Avengers: Endgame“.

На премиерата на филмот „Avengers: Infinity War“ се појави на сцената и викна: „Уште сум жив!“, без да помисли дека филмот уште не е почнат и дека гледачите ја немаат видено сцената во која тој умира.

Неговата репутација на издавање тајни од снимањето доведе то тоа продуцентите да го замолат Бенедикт Камбербач (Доктор Стрејнџ) да го придружува на сите интервјуа за да се спречи понатамошно „протекување на информации“.

„Spider-Man: Far From Home“ ќе има кинопремиера на 2 јули.

Коментирај