Регион

Сахарска прашина во Европа и на Балканот

22. април 2019 - 10:58 | МИА
Загреб, 22 април 2019 (МИА) – Сахарска прашина овој викенд ја зафати западна Европа и западниот Медитеран од каде ќе продолжи кон север. Во моментот е над Франција и Шпанија.

Прашината во Европа доаѓа од Алжир.

Голем облак прашина пристигна и во Хрватска, пренесува регионалната телевизија Н1.

Како што пренесуваат српските медиуми, се очекува прашината да дојде и во Србија, во вторник и среда.

Прашината не предизвикува здравствени проблеми и нема никакви сериозни последици. 

Коментирај