Сакаше да се фотографира со орангутани, но не очекуваше ваква реакција
Во туристичката атракција Safari World во Бангкок, Тајланд можете да се фотографирате со мајмуни, но и со други егзотични животни. Од ова видео можеме да видиме како поминала средбата на една туристка со два орангутани во паркот.
Секој ден илјадници туристи, кои одморите ги минуваат во Тајланд, го посетуваат Safari World каде се фотографираат со различни животни. Една од туристките неодамна имала помалку непријатна и смешна ситуација со двајца пријателски расположени орангутани. Позирајќи за фотографија жената доживува вистинско изненадување.