Сакате да ѝ дадете име на нова егзопланета? Сега имате шанса

Во тек е интересен натпревар за љубителите на астрономијата, во кој може да учествуваат сите граѓани.

До 1 декември 2022 година имате единствена можност да именувате егзопланета и далечна ѕвезда. Егзопланетарните системи се како Сонцето, но се наоѓаат далеку во нашата галаксија. Како што ние го имаме Сонцето, овие системи имаат своја централна ѕвезда и планетите кои орбитираат околу неа - т.н. егзопланети.

Меѓународната астрономска унија (IAU) годинава го организира натпреварот NameExoWorlds, на кој граѓаните од сите земји имаат можност да достават предлози за именување на егзопланетарни системи. Секој пријавен тим може да предложи имиња за една егзопланета и нејзината ѕвезда, кои заедно сочинуваат еден од 20-те егзопланетарни системи достапни за именување.

Како да аплицирате

За учество потребно е да се формира тим составен од студенти, наставници, ентузијасти по астрономија и професионални или аматерски астрономи. Тој тим потоа треба да избере две имиња, едно за егзопланетата и едно за нејзината ѕвезда.

При пријавувањето, покрај предложените имиња, мора да прикачите:

- образложено објаснување за изборот на тие имиња на англиски (максимум 300 зборови), кое мора да биде во согласност со правилата за именување

- видео до 3 минути на англиски јазик или со превод на аглиски јазик (резолуцијата на видеото мора да биде најмалку 360p или повисока)

- извештај за настан одржан од групата за популаризација на астрономијата (максимум 300 зборови, вклучувајќи информации за членовите на тимот, самиот настан и фотографии или видеа од настанот).

Правила за именување

Секој тим може да поднесе име за само еден егзопланетарен систем (ѕвезда и егзопланетарен систем). Ако некогаш сте помислиле да именувате далечна ѕвезда или егзопланета по вашето домашно милениче – заборавете на таа идеја. Има одредени правила за избор на предложените имиња.

Натпреварувачите мора да предложат вкупно две имиња: едното за ѕвездата на егзопланетарниот систем, а другото за егзопланетата. Тој пар на имиња треба да има заедничка тема; во апликацијата потребно е накратко да се објасни темата за именување и таа мора да биде доволно широка за да вклучи идно именување на егзопланети во тој систем.

Дополнително, предложените имиња мора да бидат имиња на нешта или места од долгогодишно културно, историско или географско значење за територијата на земјата од која аплицирате. Имињата може или не се поврзани со небото и астрономијата или соѕвездијата во кои се наоѓаат предложените егзопланетарни системи, но мора да бидат напишани на латиница и да имаат почетна голема буква.

Имињата не смее да бидат имиња на вистински живи или починати луѓе или нешта и места именувани по луѓе, не смее да се измислуваат или создаваат со комбинирање на постоечки зборови, не смее да бидат заштитени со авторски права или од комерцијална природа.

Исто така, тие не смее да бидат исклучиво поврзани со политика, воени или религиозни активности (на пр. имиња на битки, имиња на цркви...) или да бидат имиња или акроними на организации, не смее да вклучуваат броеви или интерпункциски знаци, а имињата на миленици нема да бидат прифатени. Конкурсот трае до 1 декември 2022 година, а повеќе информации за него можете да најдете на овој линк.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе