Сала пред да загине: Не сакам да одам во Кардиф, но оној одвратен претседател на Нант ме продаде

Францускиот весник L'Equipe објави шокантна аудиоснимка со гласот на Емилијано Сала, направена две недели пред авионската несреќа во која загина младиот фудбалер.

Сала, кој загина во несреќа на пат од Нант кон Кардиф, во снимката го изразува неговото гадење кон претседателот на фудбалскиот клуб Нант и неколку пати повторува дека не сака да си замине од клубот и да оди во Кардиф, но дека мора, откако претседателот така одлучил поради високата отштета од 15 милиони фунти за трансферот.

Смртта на Емилијано Сала, кој загина на 28 години на 21 јануари кога малиот авион со кој леташе кон неговиот нов ангажман во Кардиф се сруши во Ла Манш поради лоши временски услови, го потресе фудбалскиот свет.

По несреќата следеше обемна акција за извлекување на остатоците од авионот и наоѓање на телата на Сала и пилотот на авионот. Акцијата ја финансираа фудбалери од целиот свет.

Трагедијата ги поврза навивачите на Нант кои го обожаваа Сала и на несудениот клуб на младиот фудбалер, Кардиф, кои се надеваа дека неговото доаѓање ќе ги спаси од испаѓање од Премиер лигата.

Но, набрзо по наоѓањето на телото на Сала, трогателните приказни беа заменети со „лешинарење“ над Сала и неговата несреќа.

Најновите информации што произлегуваат од аудиопораката испратена преку апликацијата WhatsApp, откриваат шокантни детали за она што му претходело на трансферот на Сала во Кардиф.

Најугледниот спортски весник во Франција објави аудиопорака што Сала ја испратил на член на семејството на 6 јануари, две недели пред несреќата.

Во пораката, фудбалерот јасно истакнува дека не му се оди во Кардиф, клуб на дното на Премиер лигата, но дека бил присилен поради одлуката на претседателот на Нант, Валдемар Кита. Сала во истата порака кажува дека на својот агент Меиса Н’Диаје му рекол да му најде подобар клуб.

„Синоќа ми се јави Меиса и ми рече дека Франк Кита (синот на претседателот на Нант) го известил за одлуката да ме продадат на Кардиф кој пратил многу добра понуда и дека Нант одлично ќе заработи на мене. Тоа значи дека тие дефинитивно сакаат да си одам. Понудата навистина е добра, но мене Кардиф не ме интересира по спортски критериуми. Но, тие сакаат да одам по секоја цена и ќе направат сѐ да ме истуркаат од Нант.

Не се плашам од предизвикот да заминам во клуб што се плаши за опстанок. Баш напротив, се борам од почетокот на мојата кариера. Но сметам дека Меиса може да ми најде нешто подобро пред крајот на преодниот рок.

Меиса му рече ‘не’ на Кардиф бидејќи и тој не сака да одам таму. Се согласува дека преминувањето во тој клуб не е добар потег од спортска гледна точка. Никако не сакам да одам таму. Точно е дека е тешко да се најде клуб што ќе ми биде интересен и спортски и финансиски, но не сакам да одам во Кардиф. Но, не сакам за тоа да разговарам со Валдемар Кита бидејќи не сакам да се разбеснам, а ми се гади само што морам да го гледам.

Тој сака да ме продаде во Кардиф само бидејќи успеал да договори супер отштета и заработка. Воопшто не ме праша за мислење и гајле му е само за парите.

Сега ситуацијата е таква. Целосен хаос. Не знам што да правам бидејќи, како што ти кажав, јас сум тој што секој ден мора да го гледа тој одвратен тип. Но, никој не гледа како ми е мене. Што сакам јас, што чувствувам и низ што поминувам. Тешко ми е, многу ми е тешко бидејќи гледам дека никој не може да се стави на мое место“, вели Сала во снимката.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе