Салах ја објасни прославата која некои погрешно ја разбраа: Ја копирал од УФЦ

Египетскиот фудбалски великан Мохамед Салах конечно ја објасни позадината зад неговата нова прослава на гол, која ја спроведе на почетокот на новата сезона.

Во пресрет на продолжението на сезоната по репрезентативната пауза, Салах зборуваше за англиските медиуми, а во таа прилика појасни за прославата на голот при што имитира употреба на лак и стрела.

Вели дека на идејата дошол уште одамна, кога го гледал спектаклот на УФЦ и борбата за појасот меѓу Исраел Адесанја и Алекс Перејра.

„Мислам дека гледав УФЦ, Перејра против Адесанја. Кога Адесанја го нокаутираше Перејра во втората борба, тој така славеше. Ми се допаѓа прославата, затоа и го направив тоа“, изјави Салах, објаснувајќи дека некои навивачи погрешно ја разбрале прославата.

„Јас сум фан на УФЦ, но луѓето го сфатија тоа како да ги имитирам нашите египетски фараони кога тие цртаат нешто во храм или некаде во пирамидите“, изјави Салах за Men in Blazers.

Адесанја ја изведе прославата за „стрелаштво“ откако го нокаутира Перејра во нивната втора борба на 8 април 2023 година.

На овој начин Салах ги прослави своите први сезонски голови против Ипсвич, а сега со Ливерпул го чека продолжението на сезоната во Премиер лигата и саботниот дуел со Нотингем Форест во 4. коло.

реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Фудбал

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Започнува нокаут фазата од ЛШ, дербито вечерва го играат Сити и Реал

Read more

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more
 

Спорт

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Читај повеќе

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Читај повеќе

Јончевски го објави списокот за натпреварите со Естонија и Полска

Читај повеќе

Кајри и Јанг ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

Започнува нокаут фазата од ЛШ, дербито вечерва го играат Сити и Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ноќта што сите ја чекаа: Дончиќ дебитираше за Лејкерс во триумфален почеток на новата ера

Читај повеќе

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Читај повеќе

Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Читај повеќе