Салах се збогува со Мане, заврши ерата на еден од најдобрите тандеми на денешницата

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах преку социјалните мрежи емотивно се прости од својот пријател, а сега поранешен соиграч од Ливерпул, Сади Мане.

Сенегалецот синоќа и официјално се пресели во Баерн, па одличното напаѓачко дуо кое последните години бележеше големи успеси во Англија и Европа, се распадна.

„Тоа беше вистинско возење! Ти благодарам за сите убави моменти и ти посакувам сѐ најдобро во твојата нова авантура! На сите ќе ни недостасуваш“, напиша Салах на Instagram со серија заеднички фотографии со пријателот, а одговорот на Мане брзо пристигна.

„Продолжи да ги правиш твоите работи!! Брат, ти си најдобар“, одговори Мане, со што стекна и голема почит меѓу египетските навивачи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Мане и Салах во првите три месеци од годинава имаа три меѓусебни пресметки со своите репрезентации, а поуспешен беше Сенегалецот. На Африканскиот куп на нации Сенегал со Мане на пенали го победи Египет на Салах и стана африкански шампион, а потоа кон крајот на март во баражот за пласмaн на Мундијалот во Катар пеналите повторно беа талични за Сенегалците што значи дека Салах ќе го гледа Мане на ТВ како игра на Мундијалот.

За потсетување, сега веќе поранешниот напаѓач на Ливерпул синоќа потпиша тригодишен договор со Баерн, а вредноста на трансферот е 40 милиони евра.

Мане помина шест години во Ливерпул (2016-2022) и го напушти клубот една година пред да му истече договорот. За „Црвените“ одигра 269 натпревари и постигна 120 голови.

Инаку, Мане е третото засилување на Баерн ова лето откако претходно од Ајакс пристигнаа Рајан Гравенберх и Нусаир Мазруаи.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе