Салах во солзи по елиминацијата од ПСЖ: Дали се прости и од борбата за Златната топка?

На египетскиот фудбалски ас многу тешко му падна синоќешниот пораз од Пари Сен-Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул, кој го зазеде првото место по лигашкиот дел од натпреварувањето, доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите по изведувањето пенали против ПСЖ, а по завршувањето на натпреварот камерманите ги снимија прославите на фудбалерите на францускиот шампион, како и реакциите на играчите на „Црвените“.

Посебно внимание привлече Мохамед Салах, кој беше единствен што успешно реализираше пенал за Ливерпул. Египќанецот беше во солзи и многу разочаран отиде во соблекувалната.

Тоа воопшто не е изненадувачки ако се земе предвид дека синоќешниот настап на „Енфилд“ може да биде последен во неговата кариера во Лигата на шампионите.

Салах на крајот од сезоната ќе наполни 33 години, а со оглед на тоа што од 1 јули ќе биде слободен играч, бидејќи не го продолжи договорот со Ливерпул, сѐ поизвесно е дека повеќе нема да го гледаме во дресот на „Црвените“, ниту во некое елитно европско фудбалско натпреварување.

Имено, Салах наводно веќе бил контактиран од клубови од Саудиска Арабија кои нема да штедат пари за да го доведат, па не би било чудно доколку следната сезона го гледаме на истите терени како неговиот поранешен соиграч - Садио Мане.

Египќанецот игра брилијантно за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции на 42 натпревари, но елиминирањето од Лигата на шампионите во осминафиналето значително му ги намали шансите за освојување на Златната топка, што можеби е и една од причините што синоќа во солзи си замина од Енфилд.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

ЕУ: Не смееме да дозволиме тоа што се случи со гасот да ни се случи и со челикот

Read more

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Читај повеќе