Салвини: Како е тоа судење на кое Ричард Гир ќе сведочи против мене?

Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, рече дека судскиот процес против него за забрана на брод со мигранти да влезе во пристаништето во 2019 година не бил сериозно бидејќи било дозволено актерот Ричард Гир да биде сведок против него.

Салвини, кој беше министер за внатрешни работи во времето на спорниот настан, вчера се појави на второто рочиште во Палермо.

Судот го одобри списокот на сведоци, меѓу кои и поранешниот италијански премиер Џузепе Конте, други италијански политичари, но и актерот Ричард Гир, кој во тоа време беше во Италија и се приклучи на шпанската невладина организација Proactiva Open Arms.

Таа невладина организација управуваше со чамец за спасување, а Гир беше вклучен во испораката на храна до мигрантите на палубата.

„Кажете ми колку е сериозно судење на кое доаѓа Ричард Гир од Холивуд за да посведочи колку навистина сум лош“, рече Салвини.

Гир ќе сведочи за условите на бродот?

Proactiva Open Arms пред судот изјави дека Гир може директно да сведочи за условите на бродот, на кој 19 дена не му беше дозволено да се укотви на италијанскиот остров Лампедуза, по што обвинителството нареди евакуација на патниците.

Засега не е јасно дали Гир лично ќе се појави на суд.

Салвини, кој стекна голем дел од својата популарност поради спротивставувањето на имиграцијата, рече дека само ја исполнувал својата министерска должност.

„Одбраната на границите, безбедноста, честа и достоинството на државата не е само должност на министерот, туку на сите“, рече тој.

„Надреално е да ми се суди за извршување на моите должности“, додаде тој.

„Шпанскиот брод што одбива да оди во Шпанија прави прекршок“, смета Салвини.

Салвини, кој е обвинет за киднапирање мигранти, би можел да добие и до 15 години затвор доколку биде прогласен за виновен, а во тој случај повеќе не може да има министерска функција.

Следното рочиште е закажано за 17 декември.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Свет

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Read more

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Read more

Апокалипса на Босфор: Разорен ветер уништи згради, има мртви

Read more

Масовниот убиец Брејвик испрати писма до преживеаните и нивните семејства

Read more
 

Вести

Зголемени водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро

Читај повеќе

Шефот на Moderna: Постоечките вакцини не се одговор на омикрон

Читај повеќе

Австрија парично ќе ги казнува оние кои одбиваат вакцинација, им се заканува и затвор

Читај повеќе

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе

Читај повеќе

Состојбата стабилна, засега нема потреба од нови мерки за новиот сој

Читај повеќе

Сопственикот на „Беса транс“: Во автобусот немаше запаливи материи, тубите беа со вода

Читај повеќе

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Читај повеќе

Русковска: Пожарот во автобусот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот

Читај повеќе

Телата на загинатите во автобуската несреќа в петок ќе бидат пренесени авионски

Читај повеќе