„Сама на мојата свадба“ – најдобар филм на 17. „Синедејс“

Скопје, 19 ноември 2018 (МИА) – Белгискиот „Сама на мојата свадба“ на режисерката Марта Бергман е најдобар филм меѓу осумте во oфицијалната селекција на 17. „Синедејс“. Фестивалот на европски филм синоќа беше затворен со доделување на наградите за филмовите во натпреварувачките програми и со премиера на македонскиот игран филм „Еј!“ на Васил Христов.

„Сама на мојата свадба“ е приказна за млада Ромка, самохраната мајка Памела, која настојува да ги усогласи потребите на својата двегодишна ќерка со нејзиниот сон за слобода. „Наградата на овој филм му се доделува поради тоа што зборува за една од најранливите теми денес, преку автентична и возбудлива нарација што допира до срцето на универзалната публика“, наведе тричленото жири (Александра Накелски, Бригита Мантај и Верица Недеска) во одлуката за наградата.

Награда за најдобра режија во oфицијалната селекција доби Украинката Марисја Никитук за нејзиниот дебитантски долгометражен филм „Кога дрвјата паѓаат“ – копродукција на Украина, Полска и  Македонија (продукција „Фокус ин“). Австрискиот филм „Полицајци“ на сценаристот и режисер Стефан Лукас, пак, беше награден за најдобро сценарио. Специјална награда му беше доделена на шпанскот филм „Ана преку ден“ на Андреа Жориета.

Меѓу шесте филма во Програмата на балкански филм „СинеБалкан“, за најдобар беше прогласен  „Брак“ – копродукција меѓу Косово и Албанија на режисерката Блерта Зекири. Според тричленото жири кое одлучи за наградата во оваа програма (Инти Шрај, Изер Алиу и Серван Гунеј), Зекири во својот филм храбро се соочува со проблематична тема за маргинализираните групи кои се табу скоро секаде во светот. „Прекрасно опишана приказна, суптилна глума, емотивно силно набиен филм“ – наведе жирито во одлуката.

Специјална награда во „СинеБалкан“ му беше доделена на црногорскиот филм „Мрзливец“ на режисерот Алекса Стефан Радуновиќ.

Во Студентската програма, во која учествуваа 40-ина филмови на студенти од филмски академии  од регионот, наградата ја доби Ирена Гатеј од Универзитетот во Нова Горица, Словенија, за нејзиниот филм  „Возење, песна за татко ми“.

Во соработка со фестивалот за млади „Џифони Македонија“, првпат годинава  на „Синедејс“ беше доделена и награда „Young Film Award“, која му припадна на турскиот филм „Арада“. Наградата од петтиот конкурс „Нова филмска критика“ ја доби Вероника Камчевска за рецензијата за „Не допирај ме“ – филм кој победи на годинашното Берлинале.

Фестивалот „Синедејс“  заврши во кино „Милениум“ со премиера на играниот филм „Еј!“ на Васил Христов, снимен пред десет години, а постпродукциски довршен оваа година откако доби средства од Агенцијата за филм за техничка обработка.

По проекцијата, на сцената излегоа режисерот и околу 20 актери од неформалниот „Еј! Колектив“ кои пред една деценија шест недели без буџет и речиси илегално го снимиле филмот – политичка сатира за киднапираниот премиер.  Филмот од четврток, 22 ноември, ќе биде на редовниот репертоар на кината „Милениум“ и „Синеплекс“.

Во неколку фестивалски програми на „Синедејс“ од 8 до 18 ноември беа прикажани повеќе од сто филма. Од Младинскиот културен центар, организаторот на фестивалот, соопштија дека 17-тото издание го посетиле повеќе од 18 000 гледачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе