Сами си го бараа: Хабиб ја истрола Барса на Instagram

Хабиб Нурмагомедов и дечките кои менаџираат со Instagram профилот на каталонскиот гигант Барселона разменија неколку интересни коментари на социјалната мрежа.

Имено, УФЦ шампионот објави слика од Барселона каде на „Камп Ноу“ ги гледаше домаќините против ПСЖ. Хабиб има одлични односи со управата на парискиот клуб, па го поканија да присуствува на натпреварот како специјален гостин.

Во објавата тој вели дека ќе навива за ПСЖ затоа што е голем фан на Реал Мадрид. Официјалниот профил на Барса на Instagram се јави во коментарите и оттаму му порачаа дека не е доцна да се премисли кого ќе го поддржува.

„Навивам за Реал Мадрид од 1998 година, но никој не може да ја оспори големината на Барселона. Среќно во овие тешки моменти!", мудро им одговори Хабиб.

Додека некои веруваат дека Хабиб навистина ѝ посака среќа на Барселона, многумина сметаат дека тој всушност ја искористи шансата да го истрола каталонскиот клуб, каде веројатно не им беше баш по ќеиф да им се каже дека се во тешки времиња.

За потсетување, Барселона загуби од ПСЖ со 1:4, а Нурмагомедов секако беше задоволен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе