Само 0,21 отсто од туристите во Грција се позитивни на COVID-19

Од 332.934 тестови на 31. влезна точка во Грција од 1 јули до вчера, 725 лица се позитивни, што е само 0,21 отсто од посетителите на нашата земја, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите и истакна дека зголемениот број заразени во изминатиот период „се должи на опуштеноста во внатрешноста“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Исто така, важна е и констатацијата дека постои пораст на случаи кај младите. Во март, оние кои беа заразени со коронавирусот беа на просечна возраст од 48,6 години, а во август 36,2 години, објасни Пецас.

Говорејќи за ситуацијата со коронавирусот во Грција, Пецас рече епидемиолошката слика и понатаму е добра, објасни дека во светот, просекот е 2.831 позитивен случај на еден милион жители, а во Грција е 693, додека пак смртноста е 100 на еден милион, а во Грција 22, со што земјата е на 132-та позиција во однос на позитиви случаи, а на 108-та според смртноста на еден милион жители.

Додаде дека зголемен е и бројот на тестови што се прават во земјата, од 800 тестови во февруари, во последните 15 дена биле направени во просек 11.300 тестови дневно.

Дополнително, презентираше и статистички податоци, односно споредба на Грција со Белгија, Холандија и Португалија, од почетокот на епидемијата до вчера, според кои ситуацијата во Грција е подобра од онаа во останатите три земји.

Во однос на туризмот и проценките на Владата 50 дена по отворањето на границите, Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека оваа година споредбата не е со профитот од 18,2 милијарди од 2019, туку споредбата е со нула.

-Она што можам да го кажам како проценка е да упатам на процените на експерите од Министерството за туризам, од коморите, туристичките здруженија, како што е Здружението на грчки туристички бизниси, кои говорат за профит што би можел да достигне до пет милијарди евра, но ова е највисоката граница во овој момент, објасни портпаролот на грчката Влада.

Пецас на денешниот брифинг со новинарите рече дека сите вработени во јавниот превоз кои од одмор се враќаат на работа ќе бидат тестирани за COVID-19, а за двата случаи а ширење на коронавирусот во домови за стари лица објасни дека ќе се подготви здравствен протокол што ќе предвидува повеќе и почести тестирања на вработените во домовите „за да постои сигурност, во комбинација со забраната за посети, дека во внатрешноста не се пренесуваат коронавирусот“.

Паралелно рече дека продолжуваат и инспекциите на надлежните органи за почитување на мерките, а во текот на вчерашниот ден биле направени 6.867 контроли во цела Грција, биле регистрирани прекршоци во 320 случаи и изречени казни во висина од 96.200 евра. 

реклама

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе