Само 12 тимови го победиле Јуве на новиот стадион

Со вчерашната победа од 3:0 Фиорентина стана единствениот клуб кој двапати успеал да го совлада Јувентус на новиот стадион во Торино.

Славјето на првата победа во септември 2011

Од 2011 година кога беше инаугурацијата на тогаш „Јувентус“ стадионот, а сега „Алианц“, само 12 екипи успеале да се израдуваат на победа, рачунајќи ги сите натпреварувања.

Јувентус на домашен терен секогаш важел за тврд орев, а тоа особено се заостри кога почна да игра на својот нов стадион, направен во англиски стил каде трибините се веднаш до теренот. Иако со мал капацитет, добро затворениот простор создава галама небаре има дупло повеќе навивачи.

Сепак, некои успеаја да се вратат во своите домови со 3 бода. Вкупно, Јувентус дома загуби само 13 пати од оној воведен натпревар на 11 септември 2011 година против Парма.

1. Јувентус - Интер 1:3, Серија А (03.11.2012)

Првиот историски пораз на новиот стадион стигна 121 ден по инаугурацијата. Честа ја имаше најлутиот ривал Интер кој ги освои бодовите со головите на Диего Милито (два) и Родриго Паласио.

2. Јувентус - Сампдорија 1:2, Серија А (06.01.2013)

Едно младо момче на двапати ги матираше „Бјанконерите“, момче кое подоцна ќе стане познатиот Мауро Икарди.

3. Јувентус - Баерн 0:2, Лига на шампиони (10.04.2013)

Германците славеа и во Минхен, а со победата во Торино го елиминираа Јуве во четвртфиналето. Интересно, тогаш на теренот во дресот на Баерн беше и Франк Рибери кој и синоќа играше за Фиорентина, па Французинот може да се пофали дека двапати го победил Јуве на гости.

4. Јувентус - Фиорентина 1:2, Копа Италија (05.03.2015)

Човек на одлука во првиот полуфинален натпревар беше тогаш Мохамед Салах кој со настапите во Фиорентина се пробиваше во фудбалскиот свет. На реваншот во Фиренца Јуве победи со 3:0 и сепак отиде во финалето.

5. Јувентус - Удинезе 0:1, Серија А (23.08.2015)

Еден од ретките натпревари на кои Јуве дома не постигна гол. Победникот го реши Французинот Сирил Терео.

6. Јувентус - Лацио 1:2, Серија А (14.10.2017)

Мајсторот Чиро Имобиле беше незапирлив за домашната одбрана нанесувајќи му на Јувентус пораз дома по две години и два и пол месеци пауза.

7. Јувентус - Реал Мадрид 0:3, Лига на шампиони (03.04.2018)

Натпреварот на кој Кристијано Роналдо доби громогласен аплауз иако со хет-трик го среди Јувентус среде Торино. Кога потпиша за Јуве, Роналдо изјави дека токму овој натпревар бил пресуден да го одбере овој клуб за негова следна дестинација.

8. Јувентус - Наполи 0:1, Серија А (22.04.2018)

Гол со глава на сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали и тоа во 90-тата минута ги смрзна навивачите на Јувентус. И покрај победата, Наполи не дојде до Скудетото кое го освои Јуве.

9. Јувентус - Манчестер Јунајтед 1:2, Лига на шампиони (07.11.2018)

Роналдо му даде еврогол на својот поранешен клуб, но потоа Хуан Мата и автоголот на Алекс Сандру му донесоа победа на тимот тогаш предводен од Жозе Мурињо. И синоќа истиот играч си постигна автогол.

10. Јувентус - Ајакс 1:2, Лига на шампиони (16.04.2019)

Овој пат Ајакс застана на патот на Јуве кон финалето од Лигата на шампионите. Уште еднаш иден фудбалер на „Старата дама“ се погрижи за пораз во Торино, а тоа беше дефанзивецот Матајс де Лихт.

11. Јувентус - Рома 1:3, Серија А (01.08.2020)

Минатата долга сезона Јуве запиша само еден пораз дома во Серија А и тоа кога веќе имаше обезбедено титула, во последното коло. Никола Калиниќ и двапати Диего Пероти се погрижија и Рома да се запише помеѓу оние кои победиле на новиот стадион во Торино.

12. Јувентус - Барселона 0:2, Лига на шампиони (28.10.2020)

Статистика без Барса - не може. Меси и компанија славеа во натпревар во кој на Јувентус му беа поништени три гола по интервенција на ВАР, оправдано поради офсајди.

13. Јувентус - Фиорентина 0:3, Серија А (22.12.2020)

И на крај синоќешниот пораз чии творци беа Душан Влаховиќ, автоголот на Алекс Сандру и Мартин Касерес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе