Само 30 км/ч во Брисел: Конфискација на возилото за повторен престап

Новото ограничување на брзината од 30 км/ч важи од 1 јануари на речиси целата територија на белгиската престолнина.

Градските власти велат дека со единствена мерка во сите 19 градски општини во Брисел ќе се помогне да се намали бројот на несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Само неколку главни сообраќајници ќе бидат ослободени од новото ограничување, пренесува Euronews.

Мислењата на жителите во Брисел се поделени. Некои веруваат дека е подобро автомобилите да возат побавно, особено за безбедноста на децата.

Од друга страна, најмалку еден возач за белгискиот RTBF изјави дека, иако се согласува со ограничувањето на брзината околу училиштата, претерано е да се примени насекаде.

Сепак, првиот човек на бриселската општина Шарбек, која го применува ограничувањето од 2018 година, не се согласува.

„Сè уште има луѓе кои не сакаат да разберат колку е важна безбедноста на патиштата“, вели тој.

„Тоа ќе има ефект не само на намалување на бројот на сообраќајни несреќи – а сме немале тешки сообраќајки тука веќе две години - туку и на намалување на бучавата во градот.“

Полицијата веќе започна да следи дали се почитува новото ограничување во 19 градски општини и треба да се инсталираат десетици нови камери за контрола на брзината.

Повеќето прекршители ќе бидат казнети со парична казна, но официјалните лица велат дека оние што ќе бидат неколкупати фатени како возат со преголема брзина ќе се соочат со конфискација на автомобилот.

Нов стандард за безбедност

Неколку градови во Европа веќе одлучија да воведат единствено ограничување на брзината од 30 км/ч.

Пред неколку месеци, шпански Билбао стана првиот поголем град во светот (со над 300.000 жители) што воведе единствено ограничување на брзината од 30 км/ч во урбаните подрачја.

Во Париз, во тек се консултации со жителите за воведување на слично решение, а властите посочуваат дека „Зоната 30“ веќе опфаќа околу 60 проценти од територијата на градот.

Лани во октомври Претставничкиот дом на Холандија го усвои предлогот ограничувањето на брзината од 30 км/ч да стане норма во населени места, наместо дотогашните 50 км/ч.

20 километри на час помалку спасуваат животи

Повеќето градови имаат општо ограничување на брзината од 50 км/ч. Намалувањето до 30 км/ч ја подобрува безбедноста, особено за ранливите учесници во сообраќајот.

Пешаците имаат дури 90 проценти шанси за преживување доколку ги удри автомобил што вози со брзина од 30 км/ч. Доколку автомобилот вози со брзина од 50 км/ч, шансите се намалуваат на 50%.

Ограничувањата на брзината придонесуваат за безбедност на многу начини. Ако возите со помала брзина, растојанието за запирање е помало, видното поле на возачот е пошироко и имаме повеќе време да реагираме во случај на опасност.

Ефикасноста на воведувањето на ограничувањето од 30 км/ч може да се види во примерот на Хелсинки. Поголемиот дел од центарот на градот во моментов е во зоната на брзина 30, а инфраструктурата влијае и на побавно возење, на пр. легнати полицајци, подигнати пешачки премини и кружни текови.

Резултат - минатата година во главниот град на Финска не загина ниту еден пешак или велосипедист.

Иницијатива од #НаТочак

Граѓанската иницијатива НаТочак, група ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје преку активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство, се огласи по ова прашање и потсети дека „е време да го промениме и нашиот Закон за безбедност во сообраќајот“.

„Во превод, тоа значи дека ‘дифолтното’ ограничување во населени места не треба да биде веќе 50 км/ч, туку 30 км/ч за сите улици, а да добијат можност за 50 км/ч само оние улици кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска и колска инфраструктура. Не да се тргнува од 50 км/ч дифолтно, па да се бориме некои улици да бидат со 30 км/ч, туку да се тргне од 30 км/ч, па да видиме кои улици заслужуваат 50 км/ч. Многу логично!“, велат од #НаТочак.

Продолжете да читате: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Авто новости

BMW го враќа погонот на задните тркала во својот најмал автомобил

Read more

Volvo најави нов тренд: Време е да се врати караванот 

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Read more
 

Автомобили

BMW го враќа погонот на задните тркала во својот најмал автомобил

Читај повеќе

Volvo најави нов тренд: Време е да се врати караванот 

Читај повеќе

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Читај повеќе

Новата генерација на BMW 1 Series повторно ќе има погон на задните тркала, но постои цака

Читај повеќе

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Читај повеќе

По Volkswagen, и Mercedes размислува за производство на оружје

Читај повеќе
  • filter

Се откажа од „електраши“ и се свртува кон хибриди: Како изгледаат новите Honda модели?

Читај повеќе

Дали Џејмс Бонд наскоро ќе вози „кинески“ автомобил? 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Jaguar најави брутален електричен седан со повеќе од 1000 КС

Читај повеќе