Автомобили

Само за љубителите на графити уметност - McLaren во поинакво издание

23. декември 2019 - 14:43 | М.С.

Помислата на фарбање со спреј на McLaren кај многумина љубители на автомобили ќе предизвика скептичност, но ваквиот проект сепак изгледа многу интересно.

Компанијата 1016 Industries која се занимава со производство на карбонски компоненти и тјунирање на автомобили, во соработка со светски познатиот уметник Алек Монополи го направи овој проект.

Тој го украси автомобилот со спрејови, а компанијата 1060 Industries се погрижи за карбонските компоненти наменети за McLaren 720S помеѓу кои спаѓаат лип спојлери, ретровизори, дифузер и брисачи за стакла.

Вредноста на сите карбонски комбоненти е нешто поголема од 65.000 долари.

Овие компоненти се цврсти, лесни и интересни, а овој автомобил е подготвен за изложбата Аrt Basel во Mајами.

Коментирај