Самсоненко: Принуден сум да го вратам Вардар на Град Скопје

Сопственикот на Вардар, рускиот биснисмен Сергеј Самсоненко, со известување до јавноста најави дека поради финансиски пробелми го враќа клубот во сопственот на Град Скопје.

Во прилог целосното соопштение на Самсоненко објавено на официјалната веб-страница на ФК Вардар:

„Почитувани,

Со превземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме респектабилен и успешен фудбалски клуб. Со вложување на значајни финансиски средства, огромен труд и енергија во изминатите 6 години се стремевме кон остварување на врвни спортски резултати.

Освоивме 3 титули во 1.МФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година, пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата. Пред нас беше и освојувањето на четвртата титула во домашното фудбалско првенство.

Но, наспроти нашиот труд и посветеност беа и потешкотиите за одржување на клубот од финансиски аспект со кои јас лично, секојдневно веќе втора година се соочувам.

Во неколку наврати ја информиравме и јавноста дека финансирањето на клубот претставува голем товар и дека истиот е многу тешко да се издржи бидејќи бев директно погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи.

Правната постапка за спорот е во тек, искрено се надевам и верувам во надлежните институции кои треба да ја докажат правдата и се надевам на позитивна разврска на целиот случај. Покрај тоа, дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на COVID–19 од која сериозно е погоден целиот свет. 

Поради овие причини кои веќе се надвор од моја моќ и контрола не сум повеќе во можност да ги исполнувам финансиските обврски и со цел да ја заштитам иднината на еден од најголемите спортски брендови ФК Вардар принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје.

Искрено верував во својата визија и во визијата на сите играчи на клубот, во сите тешки моменти нѐ водеше љубовта кон спортот и желбата за постигнување на нови успеси. Заедно постигнавме многу, но за жал околностите се такви што јас морам принудно да се повлечам од оваа приказна. Воедно, ја информирам јавноста дека ги преземам сите веќе достасани обврски на клубот со цел да го отворам патот за новите, идни инвеститори кои искрено посакувам и се надевам дека ќе успеат во иднина да го задржат успешното функционирање и реномето на клубот кои ние го изградивме во изминативе години.

Спортски поздрав,
Сергеј Самсоненко“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе