Мобилни

Samsung Galaxy S9 ќе излезе наредниот месец

10. јануари 2018 - 17:27 | К.З.

Компанијата Samsung ги потврди гласините дека новата верзија на моделот Galaxy премиерно ќе биде прикажан наредниот месец, а продажбата на истиот ќе започне веќе од март.

Телефонот најпрво ќе биде прикажан на некој од саемите за технологија, а американските медиуми сметаат дека тоа ќе биде Mobile World Congress (MWC), кој почнува на 26 февруари.

Претседателот на одделот за телефони на Samsung, Ди Џеј Кох, рече дека во исто време со промоцијата на моделот ќе биде познат и точниот датум на кој телефонот ќе почне со продажба.

Претходниот модел на смартфонот Galaxy беше промовиран во март, а почна со продажба во април 2017 година.

Покрај Samsung Galaxy S9, ќе биде промовиран и моделот S9+, а сите тие се очекува да личат на своите претходници, S8 и S8+, кои и понатаму се помеѓу најпопуларните телефони на пазарот. Помеѓу малкуте измени се биде редизајнираниот скенер за отпечаток на прстот, кој на S8 беше многу мал и незгодно позициониран.

Коментирај