Samsung Galaxy Z Fold 4 би можел да има камера од 108 MP

Откако пристигна серијата Galaxy S22 на Samsung, сите се свртуваат кон претстојните телефони на преклоп и шпекулираат за нивните спецификации.

Станува збор за моделите на Samsung Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z FLip 4, кои се очекува да се појават на пазарот во август. Веќе познатиот типстер Dohyun Kim откри дека Galaxy Z Fold 4 ќе добие значително подобра камера во однос на претходникот, а се работи за главна камера од 108 MP. Тоа веќе го видовме во случајот со Galaxy S22 Ultra, а оваа камера претставува огромен скок над главната камера од 12 MP што ја има Galaxy Z Fold 3.

Претходно, се појавија информации дека Galaxy Z Fold 4 ќе позајми телефото камера од 10 MP со 3x оптички зум од Galaxy S22 и S22 Plus.

Предната камера интегрирана во екранот ќе остане иста, а се очекува поддршка за S Pen, а за разлика од моделот Galaxy Z Fold 3, новиот модел би требало да има и држач за пенкало.

Други извори наведуваат дека ќе има внатрешен OLED екран од 7,56 инчи со брзина на освежување од 120 Hz, како и надворешен екран од 6,19 инчи.

Повеќе информации за новите преклопни уреди на Samsung се очекуваат во наредниот период.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе