Samsung ги претстави Galaxy A54 и Galaxy A34

По неколкумесечни шпекулации и протекување информации, Samsung официјално ги претстави своите најнови телефони од средната класа: Galaxy A54 и Galaxy A34.

Интересно е што Galaxy A54 е помалиот од двата нови модела, а го краси 6,4-инчен Super AMOLED панел со стапка на освежување од 120 Hz и Vision Booster поддршка.

Од друга страна, Galaxy A34 има 6,6-инчен дисплеј со резолуција од 1080p, стапка на освежување од 120 Hz и истото Vision Booster подобрување.

Двата телефона имаат IP67 сертификат за заштита од вода и прашина, како и батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 25 W. Имаат и слот за microSD. Другите карактеристики се различни.

URL

Samsung Galaxy A54 користи главна камера од 50MP F/1.8, ултра-широкоаголен сензор од 12MP F/2.2 со фиксен фокус и макро сензор од 5MP. На предната страна има селфи камера од 32 MP F/2.2.

Samsung Galaxy A34 има главна камера од 48MP F/1.8, ултра широкоаголен сензор од 8MP F/2.2 и макро од 5MP. Селфи камерата од 13 MP се наоѓа на предната страна.

Galaxy A54 се напојува со чипсет Exynos 1380 од 5 nm, додека Galaxy A34 користи чип MediaTek Dimensity 1080 од 6 nm. Двата модела се достапни со 6GB или 8GB RAM и 128Gb или 256GB простор за складирање.

Galaxy A54 е достапен во варијанти Lime, Graphite, Violet и White, по цена од 490 евра за моделот 6/128GB и 540 евра за варијантата 8/256GB.

URL

Galaxy A34 пристигнува во слични бои (наместо Бела има Сребрена), со почетна цена од 390 евра за моделот 6/128GB и 460 евра за верзијата со 8/256GB.

Телефоните ќе бидат достапни на европскиот и азискиот пазар од овој месец.

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Мобилни

Кинезите ја оживуваат легендата BlackBerry

Read more

Huawei се надмина: Pura 80 Ultra носи камера каква што не сме виделе досега

Read more

Како да ги блокирате рекламите на вашиот мобилен телефон?

Read more

Шверцуван смартфон од Северна Кореја откри неверојатни работи за режимот

Read more
 

Гик

Кинезите ја оживуваат легендата BlackBerry

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Huawei се надмина: Pura 80 Ultra носи камера каква што не сме виделе досега

Читај повеќе

Како да ги блокирате рекламите на вашиот мобилен телефон?

Читај повеќе

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе