Samsung денеска официјално ги претстави Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus уредите. Моделот Galaxy S8 е достапен со големина од 5.8 инчи, додека Galaxy S8 Plus е достапен со големина од 6.2 инчи.
Уредите ќе бидат достапни за продажба во Европа од 28 април, во црна, сива и сребрена нијанса. Galaxy S8 доаѓа со 5,8-инчен Super AMOLED екран Quad HD+. Телефонот нуди 4 GB работна меморија и интерна меморија од 64 GB. Станува збор за водоотпорен уред со батерија со капацитет од 3000 mAh, со опција за безжично полнење.
Galaxy S8Plus доаѓа со 6,2-инчен екран и со 173 грама е потежок 18 грама од S8. Има батерија со капацитет од 3500 mAh.
Samsung уредите имаат Bixby технологија за препознавање на фотографии, со оваа опција корисниците можат да купуваат, пребаруваат фотографии и да дознаат различни детали за околните места.