Samsung го најави новиот модел Galaxy A72 со 5 задни камери

Samsung пред неколку години го претстави моделот A9 кој беше првиот смартфон во светот со 4 задни камери, а јужнокорејската компанија наскоро ќе претстави уште еден новитет.

Шпекулациите се дека Samsung го подготвува моделот A72 кој ќе има 5 задни камери. Сепак, ова нема да биде првиот смартфон во светот со 5 камери бидејќи таа титула припаѓа на Nokia 9 PureView.

Овој модел ќе биде првиот смартфон на Samsung со 5 камери, а не треба да бидеме изненадени бидејќи Серија А често служи за „експериментирање“. Пример за тоа е Galaxy A80 кој е првиот и единствен мобилен на Samsung со flip up камера.

Samsung Galaxy A80

A72 ќе има главна камера од 64 MP, ултраширока од 12, телефото од 8(3х зум), макро од 5 и сензор за длабочина од 5 MP.

Samsung би можел да ја искористи камерата од 8 MP(3x зум) која ја има Galaxy S20 Fan Edition и да ја вгради во модулот за камери на моделот A71 кој веќе има 4 камери. Со тоа ќе се добие оптичка стабилизација на сликата.

Што се однесува на селфи камерата, се очекува еден сензор од 32 MP.

Samsung Galaxy A52 исто така ќе биде дел од новата генерација на уреди од серија А и ќе има 4 задни камери.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе