Samsung официјално го претстави својот нов смартфон Galaxy A16 5G, кој носи неколку значајни подобрувања во однос на неговиот претходник.
Меѓу најзабележителните подобрувања е поголем екран од 6,7 инчи, како и шест години Android и безбедносни надградби. Ова ниво на софтверска поддршка е без преседан во светот на достапните уреди и значи дека A16 5G ќе биде целосно поддржан и ќе работи со најновиот Android до 31 октомври 2030 година.
Другите спецификации го вклучуваат процесорот Exynos 1330 во Европа, додека паметниот телефон на други пазари како Индија и Тајланд се напојува со Dimensity 6300.
The new Galaxy A16 5G
— Anthony (@TheGalox_) October 7, 2024
• Exynos 1330
• 6.7 inch FHD+ 90hz OLED Display
• 50mp main & 5mp Ultrawide
• 5000mah battery with 25w charging
• 4/128gb
• IP54 certified
• 7.9mm thin
• 1.5TB microSD support
• No headphone jack pic.twitter.com/wNi69ZWLGR
Процесорот е поврзан со 4GB RAM и 128GB внатрешна меморија, а има и поддршка за microSD картичка до 1,5TB. Galaxy A16 5G е дебел 7,9 мм, што значи дека е потенок, но за жал го изгубил приклучокот за слушалки од 3,5 мм.
Смартфонот користи Android 14 со интерфејс One UI 6.1, како и Super AMOLED екран со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 90 Hz. Во „забот“ во форма на капка има селфи камера од 13 MP, додека одзади има главна 50 MP, ултра-широка од 5 MP и макро камера од 2 MP.
Galaxy A16 5G е отпорен на вода и прашина според стандардот IP54, а се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 25 W. Од страната има копче „power“ во кое е интегриран сензорот за отпечатоци.
Мобилниот телефон е достапен во три нијанси на куќиштето и чини 249 евра.