Компанијата Samsung го претстави својот нов 8 – инчен таблет со оперативен систем Android, а тоа е Galaxy Tab A.
Таблетот на продажните места ќе се најде од 1 ноември, а ќе чини 230 долари. Всушност, станува збор за подобрена верзија од моделот од 2015 година, чие име и го носи.
Негов ривал ќе биде поевтиниот таблет Amazon Fire HD 8, кој чини само 80 долари.
Таблетот Galaxy Tab A поседува Qualcomm Snapdragon 425 процесор, 2 GB RAM, 32 GB интерна меморија, екран со резолуција од 1.280x800 пиксели, батерија која трае 14 часа, microSD слот за мемориска картичка до 256 GB.
Уредот користи оперативен систем Android Nougat, а достапен е и во црна и во сива боја.
Предната камера е со 5, а задната со 8 мегапиксели.