Мобилни

Samsung го реши проблемот, Galaxy Fold е подготвен за продажба

25. јули 2019 - 10:56 |

Смартфонот на компанијата Samsung наречен Galaxy Fold е подготвен за продажба, откако беше решен проблемот со неговиот свитлив и склоплив екран.

Продажбата на Galaxy Fold требаше да почне во април, но беше одложена бидејќи имаше проблем со екранот. Следеа подобрувања на уредот вреден 2.000 долари што ќе биде достапен само на одбрани пазари.

Компанијата планираше да го лансира смартфонот со екран на преклоп пред ривалите, а сега е познато дека тоа ќе се случи во септември.

„Samsung го искористи ова време да го процени дизајнот на производот, да ги направи неопходните подобруваа и да спроведе ригорозни тестови“, соопшти јужнокорејската компанија.

Подобрувањата вклучуваат продолжување на заштитниот слој за да биде јасно дека не смее да се отстранува. Едно објаснување за настанатите проблеми беше дека некои корисници ја отстранија фолијата мислејќи дека се работи за стандарден заштитен слој што вообичаено се трга по купувањето на телефонот.

Овој проблем предизвика мало кочење на плановите на Samsung, компанија која се соочува со ривали во полето на иновацијата, во кои спаѓа и кинески Huawei кој исто така го одложи лансирањето на својот свитлив смартфон за да направи повеќе тестирања.

Xiaomi годинава го претстави прототипот за склоплив свитлив смартфон што се трансформира во таблет.

Коментирај