Мобилни

Samsung ќе го претстави новиот Galaxy S10 следниот месец

10. јануари 2019 - 16:47 | К.З.

Навикнати сме да ги очекуваме новите модели на Samsung да ги очекуваме да се појават на Mobile World Congress во Барселона, но оваа година компанијата реши да ја избегне таа традиција и да го промовира новиот Galaxy S10 нешто порано.

Денеска беше потврдено дека промоцијата на Samsung Galaxy S10 ќе се одржи една недела пред MWC во Барселона, поточно на 20 февруари. Новиот модел ќе биде претставен на посебен настан во Сан Франциско.

Неколку слики и рендери кои протекоа во текот на изминатите неколку месеци веќе ни дадоа мал поглед кон изгледот на Galaxy S10, а инсајдерите од телефонската индустрија споделија и неколку технички детали околку перформанците и спецификациите на овој модел.

Покрај флегшип моделот, Samsung веројатно на истиот настан во Сан Франциско ќе го претстави и телефонот со екран кој се витка, кој засега е познат како Galaxy F.

Ќе мора да почекаме до 20 февруари за да дознаеме дали се вистинити шпекулациите дека Galaxy S10 ќе чини 1.770 долари, што би го направило најскапиот телефон на Samsung досега произведен.

Коментирај