Samsung подготвува нови смартфони на преклоп кои ќе бидат претставени ова лето.
Според јужнокорејското списание TheElec, Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 2 ќе бидат претставени во јули.
Се очекува дека новите смартфони на преклоп ќе имаат LTPO екрани со интегрирани камери под екранот и S-pen.
Z Fold 3 ќе има батерија од 4,380 mAh, за разлика од Z Fold 2 кој ќе има батерија од 4,500 mAh.
Главниот екран на Z Fold 3 ќе има 7,55 инчи, а Z Fold 2 ќе има 7,6 инчи.
Наскоро се очекува да бидат објавени повеќе информации.