Мобилни

Samsung направи смартфон што нема пристап до интернет

15. април 2018 - 17:19 | А.С.

Новиот смартфон на Samsung е наменет за корисниците кои не сакаат да бидат онлајн по цел ден.

Galaxy J2 Pro има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни смартфони на јужнокорејскиот гигант Samsung, но не може да ги користи некои апликации, ниту да се конектира на интернет мрежа.

Во соопштението на Samsung стои дека J2 Pro е наменет да им помогне на студентите да останат фокусирани на учењето, наместо постојано да проверуваат пораки и содржини на Snapchat, Facebook  и други апликации.

Компанијата понуди попуст за купувачи од 18 до 21 година за уредот чија редовна цена е 186 долари. Смартфонот е достапен во црна и златна боја, има AMOLED дисплеј од 5 инчи, 1,5 GB RAM и простор за микро SD картичка, како и предна камера од 5 мегапиксели и задна камера од 8 мегапиксели.

На телефонот ги има сите апликации за кои не е потребно поврзување на интернет за да функционираат. Овој смартфон е наменет и за помали деца чии родители сакаат да имаат контрола врз тоа како децата го користат телефонот.

Не е познато дали J2 Pro ќе биде достапен надвор од Јужна Кореја.

Коментирај