Samsung официјално ги претстави новите Galaxy S10 и S10 Plus

Поголема брзина, поголем екран, помоќна батерија, повеќе камери – вака беа опишани моделите на Samsung од новата линија на смартфони Galaxy S10. Тие беа претставени синоќа на посебен настан организиран од Samsung, а веќе утрово се достапни во продажба.

На прв поглед, новите модели на Samsung изгледаат многу современо. Нивниот дизајн е значително подобрен во однос на претходните верзии, а функционалноста е доведена на максимално ниво. Но, изненадувањата не завршуваат тука.

Вчерашниот настан ни даде поглед кон трите нови модели на Samsung – Galaxy S10, S10 Plus и S10E. Сите три модели влегуваат во продажба уште денеска, а ќе почнат да се испорачуваат до нивните сопственици почнувајќи од 8 март. Почетната цена на Galaxy S10 е 899 долари, додека S10 Plus чини 999 долари.

Најголемите разлики помеѓу S10 и S10 Plus се дисплејот и батеријата, додека сите останати спецификации се помалку или повеќе исти. Моделот S10 доаѓа со 6,1-инчен Dynamic AMOLED дисплеј со Quad HD+ резолуција, додека S10 Plus има нешто поголем, 6,4-инчен екран. Двата модели имаат предна камера од 10 мегапиксели, како и задна камера со три леќи – 12 мегапиксели, телефото леќа од 12 мегапиксели и ултраширока леќа од 16 мегапиксели.

Двата телефони користат процесор Snapdragon 855, а доаѓаат во верзии со 8GB и 12GB RAM. Што се однесува до внатрешната меморија, купувачите можат да одберат помеѓу опции од 128GB до 512GB за S10, односно до 1TB за S10 Plus. Батеријата на моделот S10 е нешто помалку моќна, со 3.400 mAh, додека S10 Plus има батерија со 4.100 mAh.

Најголемиот напредок во однос на претхнодните верзии се наоѓа кај камерата и кај (скоро) совршениот екран, кој овозможува уште подобро корисничко искуство и дава чувство како во раката да држите некоја футуристичка технологија, а не смартфон од денешницата. Можеби овие два модели не се револуционерни како нивниот претходник S8, но во Samsung добро ги имаат проучено силните страни на нивните телефони и тука сето знаење е искористено во подобрување на овие модели.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе