Samsung официјално ја претстави серијата S20, моделот Ultra има камера од 108 МP

Чекањето заврши, технолошкиот гигант Samsung конечно ја претстави серијата Galaxy S20 која сите ја чекавме со нетрпение.

На настанот Unpacked во Сан Франциско се претставени новите смартфони на Samsung.

Како што се шпекулираше, новиот назив на Samsung e S20, наместо S11. Јужнокорејската компанија ги претстави трите модели: стандардниот S20, поголемиот S20 Plus и моќниот S20 Ultra.

Сите три поддржуваат 5G мрежа.

Стандардниот Galaxy S20 има 6,2-инчен Super AMOLED Infinity-0 екран WQHD+ резолуција (3.200х1.400 пиксели, 563 ppi) и формат 20:9, широка камера од 12 MP, телефото камера од 64 и ултраширока камера од 12 MP. Уредот може да снима и видео во 8K формат.

Камерата поддржува 3х оптички и 30х дигитален зум кој од Samsung го нарекуваат Space Zoom. Исто така, опциите Ultra Bright Night овозможува да се направат фантастични фотографии и во ноќ. Селфи камерата има 10 MP.

Го напојува издржлива батерија од 4.000 mAh и процесор Exynos 990. Поседува 12 GB RAM, 128 GB интерна меморија, а поддржува мемориска картичка до 1TB.

Уредот е отпорен на вода и прашина по IP68 стандардот и користи оперативен систем  Android 10.

За разлика од стандардниот модел, Galaxy S20 Plus има 6,7-инчен екран, поголема батерија од 4.500 мAh, додатна ToF камера на задната страна и неверојатна интерна меморија од 512 GB.

На врвот на понудата е моќниот Galaxy S20 Ultra со 6,9-инчен Infinity-o Dynamic Super AMOLED екран, 12 GB RAM и 128 GB интерна меморија, односно 14 GB RAM и 512 GB интерна меморија.

Уредот доби батерија од 5.000 mAh која е супериорна во однос на другите модели.

Она што е исклучително важно е тоа што моделот Ultra има револуционерни камери, главната широка камера има 108 MP. Телефото камерата има 48 MP, ултрашироката камера има 12 плус ToF камера.

Моделот Ultra може да снима 8К видео, а има 10х оптички и 100х дигитален зум. Напред е фантастичната широка предна камера од 40 MP со која може да се снима 4К видео.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе