Мобилни

Samsung потврди: Првиот Galaxy со свитлив екран ќе биде претставен месецов

12. февруари 2019 - 14:11 | К.З.

Минатиот ноември, јужнокорејскиот производител Samsung ни даде прв поглед кон она што требаше да биде нов смартфон со екран кој се витка. На CES конференцијата минатиот месец овој модел беше претставен пред одбрана публика, но сега добивме и официјален датум за негова премиера на пазарот.

Синоќа од Samsung стигна потврда за датумот на кој ќе биде претставен новиот Galaxy Fold.

Тој официјално ќе биде прикажан овој месец, на 20 февруари, заедно со другите модели од серијата Galaxy S10. Засега името на овој уред е познато како Galaxy Fold, но многумина веќе почнаа да го нарекуваат Galaxy F.

„Иднината на мобилниот свет ќе биде откриена (поточно „одвиткана“, англ. „unfold“ – игра на зборови) на 20 февруари 2019 година“, пишуваше во твит на официјалниот Twitter профил на Samsung, а текстот беше придружуван од кратко промотивно видео.

Телефонот со екран кој се витка би требало да има два дисплеја – еден со дијагонала од 4,58 инчи и другиот, кога телефонот ќе се „одвитка“, со дијагонала од 7,3 инчи.

Од датумот на промоција на овој, како и останатите телефони од новата серија на Samsung, нѐ дели само една недела, а очекуваме дека дотогаш ќе дознаеме уште повеќе детали за уредите на јужнокорејскиот гигант.

Коментирај