Samsung би можел да претстави паметен телефон со троен преклоп во 2025 година, според упатени извори од Јужна Кореја.
Се вели дека компанијата е подготвена со технологијата, а тоа важи и за синџирот на снабдување кој е подготвен за новиот производ.
Нарачките за OLED екрани паднаа за повеќе од 10 отсто бидејќи побарувачката за моделите Galaxy Fold6 и Galaxy Z Flip6 не ги исполни очекувањата.
Испораките на преклопливи OLED дисплеи, направени од Samsung Display, ќе изнесуваат 12 милиони единици оваа година, што е голем пад од 40 проценти од 20 милиони единици во 2023 година. Ова ги вклучува екраните за производите на Galaxy и другите компании кои се потпираат на Samsung како добавувач, вклучувајќи ги Xiaomi, Vivo и Oppo.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 користат околу 8 милиони екрани, што е помалку од очекуваните 10 милиони. Продажбата на сите уреди е намалена во однос на минатата година.
Друг начин на кој Samsung би можел да се обиде да реагира на тоа е со подостапен Galaxy Flip, со што уред од оваа форма би станал попристапен за поголем број клиенти.