Samsung во проблеми: Произвел вишок од 50 милиони телефони, нема кој да ги купи

Слабата побарувачка предизвика складирање залихи и намалено производство на нови уреди на Samsung.

Пандемијата, војната во Украина, недостигот на чипови, инфлацијата и финансиската несигурност сериозно го потресоа пазарот на паметни телефони во светот.

Првиот квартал од 2022 година беше најлошиот прв квартал во последните 9 години, а сите производители освен Realme доживеаја пад во продажбата на нови паметни телефони. Xiaomi е најголемиот губитник досега, бидејќи забележа пад од 36%, додека продажбата на уредите Samsung и Apple падна за 16% и 6%, соодветно.

Според информациите до кои дојде јужнокорејски The Elec, на компанијата Samsung годинава „не ѝ цветаат рози“. Според нивните извори, компанијата има околу 50 милиони уреди на залиха, како резултат на лошата продажба, а огромното мнозинство од тие уреди се телефони од средната класа на Galaxy A.

Според претходните извештаи кои доаѓаат од Јужна Кореја, Samsung е принуден да го намали производството на нови уреди за 35%, бидејќи според новите планови, планира да испорача околу 280 милиони паметни телефони оваа година - 30 милиони помалку од претходните прогнози.

Компанијата произведуваше околу 20 милиони уреди месечно во јануари и февруари, но тие бројки се намалија на „само“ 10 милиони телефони во мај, како одговор на прекумерната понуда и слабата побарувачка. Покрај намаленото производство, нарачките за компонентите на Samsung од неговите добавувачи паднаа меѓу 30% и 70% од април до мај.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Мобилни

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Read more

Колку би можело да чини iPhone 15?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Apple подготвува промена за iPhone 15 Pro од која многумина стравуваат

Read more
 

Гик

  • filter

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Читај повеќе

Ватикан ѝ врати на Грција делови од Партенон стари повеќе од 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Electric Dream - графиката никогаш не изгледала толку реално

Читај повеќе

Нови изуми носат нови ветришта: Ќе можеме ли да ја одложиме смртта со помош на технологијата?

Читај повеќе

Бил Гејтс загрижен за вештачката интелигенција

Читај повеќе

Руска компанија претстави конкурент на ChatGPT

Читај повеќе

Sparky е првото ВИ роботско куче со мускулно-скелетни екстремитети

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромен астероид денеска ќе помине многу блиску до Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе