Санчес ѝ нуди на Каталонија референдум за поголема автономија, не за самостојност

Шпанскиот премиер Педро Санчес во интервју за шпанскиот јавен радиодифузер TVE соопшти дека во февруари ќе се состане со каталонскиот премиер Ким Тора, како дел од дијалогот за идниот статус на Каталонија и дека Каталонците потоа ќе треба да гласаат за нивниот договор, што не вклучува независност.

Санчес, кој е на власт од јуни 2018 година, во јануари ја формираше новата коалициска влада на неговата шпанска Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и помалата левичарска формација на Унидас Подемос, прва коалициска влада во Шпанија во последните 80 години.

Во првото интервју по формирањето на владата, тој рече дека ќе се сретне со премиерот на Каталонија, Ким Тора, во првата недела од февруари. Тора бара нов референдум за независност на Каталонија, автономна покраина со население од 7,5 милиони на северо-исток, што би го одобрила шпанската Влада.

„Сакам мандатот на оваа влада да биде обележан со дијалог и консензус. Тоа што се смени е помирна ситуација во Каталонија“, рече Санчес, кој на почетокот на минатиот месец се согласи со Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), најголемата партија за независност, да формира билатерална комисија за разговори околу идниот статус на Каталонија.

ЕРЦ, пак, се воздржа од гласање на владата во парламентот, оставајќи го Санчес, со тесно мнозинство од 167 пратеници „за“ и 165 против, на власт. Доколку ЕРЦ гласаше против, Шпанците повторно ќе излегоа на гласање.

Шпанската опозиција го критикуваше договорот меѓу Санчес и ЕРЦ и тврди дека тоа би можело да доведе до „растурање на Шпанија“.

Во интервјуто, Санчес јасно стави до знаење дека исходот од преговорите нема да биде референдум за независност, за кој инсистираше ЕРЦ, но не прецизираше како би можел да изгледа договорот. Досега, ЕРЦ побара само „референдум за самоопределување“.

„Договорот нема да биде нешто што одвојува. Патот е автономија, а не самоопределување “, рече Санчес.

Од воведувањето на демократијата и сегашниот устав од 1978 година, Шпанија е територијално поделена на 17 автономни провинции. Каталонија, каде 19 проценти од БДП на Шпанија се генерира од индустријата и туризмот, е една од нив.

Санчес истакна дека сегашниот статус доведе до „напредок и кохезија“.

Каталонија има свој парламент, влада, полиција, училишта и болници, а каталонскиот јазик е службен во тамошните институции. Шпанската централна влада во Мадрид управува со фискалната, надворешната и одбранбената политика.

Договорот споменат од Санчес може да вклучува дополнителна автономија, иако тој не прецизира во кои области. Потенцијалниот „договор ќе мора да биде изгласан од каталонското општество“, истакна тој.

„Шпанската Влада секогаш ќе го почитува законот, а каталонските заговорници за независност мора да бидат свесни дека нема место за унилатерални одлуки“, нагласи Санчес.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе