„Сандеј тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече во корист на принцот Чарлс

Британската кралица Елизабета Втора нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, престолонаследникот Чарлс, да биде прогласен за принц-регент, пишува „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор од кралската палата.

На почетокот од минатата недела, дел од лондонските медиуми објавија дека 91-годишната кралица може да се повлече од своите јавни кралски обврски, во полза на нејзиниот најстар син, кој не би бил крал, туку регент.

Тоа би значело дека кралицата ќе му ги префрли на Чарлс сите свои овластувања, иако, се додека е жива, таа формално, и натаму ќе остане кралица на Обединетото кралство.

Никој од кралското семејство досега не реагираше на вестите за повлекувње на кралицата, иако извори во Бакингамската палата, официјалната кралска резиденција, за медиумите објаснуваа дека се почнати подготовки за спроведување на процесот на транзиција.

Овој процес може да се отвори само доколку кралицата и натаму е на престолот, откако ќе наполни 95 години. Тогаш, таа самата, ќе треба побара да се употребат одредбите од законот за регенство.

Неделникот „Сандеј тајмс“ сега тврди дека ништо од тоа не е точно, затоа што ниту кралицата ќе се повлече, ниту се подготвува процес за регенство.

Ваквото тврдење на весникот, практично, претставува кралски демант на тврдењата во лондонските медиуми од пред една недела, што тогаш уверуваа дека ваквата постапка ќе предизвика помалку потреси во јавноста, отколку абдикација на кралицата поради нејзината возраст.

Кралицата Елизабета е на британскиот престол од февруари, 1952 година, по смрта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, а за кралица беше крунисана во јуни, 1953 година.

Таа и сега, и покрај возраста ги обавува сите кралски работи и задолженија.

Последното испитување на јавното мислење, покажува дека Британците не сакаат сопругата на Чарлс, војводката од Корнвол, Камила Паркер, да ја има титулата кралица, кога тој ќе биде крунисан.

Истата анкета открива дека Британците повеке сакаат кралицата Елизабета да ја наследи принцот Вилијам, нејзиниот внук, но за тоа би требало, претходно, да абдицира татко му Чарлс, што таа не го дозволува.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе