Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкциии тоа:
– 17 за возење без возачка дозвола
– 150 за пречекорување на дозволената брзина на движење
– 24 за нерегистрирани возила
– 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори
– 54 мерки за непрописно паркирани возила
– 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83)
– 48 санкции за неносење на заштитна маска во автомобил.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, порачуваат од МВР.