Santa Cruz – новиот камионет со кој Hyundai ќе го освојува американскиот пазар

Корејскиот производител ги објави првите фотографии од новиот модел на камионет пред неговата премиера.

Hyundai се чини е многу зафатен со претставување на нови модели во последно време.

По откривањето на субкомпактниот кросовер Bayon на почетокот на март, следуваа првите фотографии од новото патничко комбе Staria, а пред крајот на минатиот месец го најави и Alcazar – новиот теренец со 7 седишта, насочен кон пазарите во развој.

Промотивните активности продолжија во април, па на самиот почеток на овој месец беше најавена премиерата на камионетот Santa Cruz, кој првенствено е наменет за американскиот пазар, каде ваквите возила се многу популарни.

Моделот кој ќе се бори за примат со Honda Ridgeline и Ford Maverick, ќе биде официјално претставен на 15 април, но Hyundai веќе го откри неговиот надворешен изглед со тизер фотографии.

Santa Cruz стилски се потпира на истоимениот концепт од 2015 година, кој се разликуваше по тоа што имаше 2 врати, како и различна решетка на ладилникот и фаровите, и различни стоп светла од оние што ги гледаме на фотографиите.

Визуелниот идентитет на предниот дел од камионот е модернизиран во однос на концептуалното возило и е прилагоден на најновата генерација на модели на Hyundai, како што е новиот Tucson.

Корејскиот производител наведува дека целта била да направи камионет со возни карактеристики на патничко возило. За тоа сведочи фактот дека Santa Cruz дели механичка платформа со моделот SUV Santa Fe.

Производството започнува годинава во фабрика во Алабама. Засега е непознато дали Hyundai ќе им го понуди овој модел на европските клиенти.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе