Сантиметри или килограми: Што покажува дека навистина сте ослабеле?

Доколку вагата покажува ист број на килограми неколку дена по ред, тогаш може да ѝ поверувате.

Сигурно сте забележале дека вагата покажува различна килажа неколку дена по ред, во зависност од тоа во кое време се мерите. Затоа се препорачува да се мерите без облека во определено време од денот, за да имате точна бројка.

Најдобро време за мерење е наутро, кога организмот и цревата се прочистени. Од друга страна, фрустрирачки е кога вагата покажува вишок килограми во некој период од денот.

Избегнувајте мерење во следните ситуации.

По напорен тренинг

На организмот му треба голема количина течност после тренингот за да им помогне на мускулите да се регенерираат. Во тој момент, обично тежиме килограм или два повеќе. Важно е да имате предвид дека на вашето тело му треба вода и дека ќе ја видите вистинската состојба ден или два после напорното вежбање.

По патување

По патувањето подолго од 4 часа, во нашето тело се прави нерамнотежа на течности и електролити, што доведува до моментално, мало зголемување на телесната тежина.

Во менструалниот циклус

Тогаш доаѓа до хормонски дисбаланс, телото ја задржува водата и е надуено. Мерете се после три дена од циклусот, затоа што тогаш ќе ви се покаже реалната тежина.

Сепак, прашањето е: Во која мера килограмите се показател за нашиот изглед?

Кога губите килограми, не значи дека го доведувате телото до совршенство и затоа е важно да се има предвид важноста на тренингот за преобликување на нашето тело.

Кога интензивно вежбате, губењето на тежината не мора да се случи на почетокот, туку масните наслаги постепено се губат и се компензираат со зголемен обем на мускулите. Еден килограм мускул зазема помалку простор од телото отколку килограм маснотии.

Активното напрегање го забрзува вашиот метаболизам за 15% и затоа се намалува обемот на вашето тело без оглед на килограмите. Мускулите растат и се топат маснотиите. Затоа сантиметрите се пореален показател.

реклама

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Расте тензијата на Кавказ: Загинати и ранети ерменски и азербејџански војници

Read more

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Read more

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Фит

Што точно се случува во телото додека се топат маснотиите?

Read more

10-минутни лесни вежби за затегнат задник

Read more

8-минутни вежби за стомачни со Памела Рајф

Read more

Летен фит предизвик: Затегнете ги нозете

Read more

Магазин

Кој е пасивен, а кој не може без секс: Хороскопските знаци во кревет

Читај повеќе

Johnnie Walker ќе се продава во „хартиена амбалажа“

Читај повеќе

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Моментот кога Роберт Ирвин беше каснат од змија на лицето

Читај повеќе
  • filter

Ѕвездата на „365 Days“ Микеле Мороне ново заштитно лице на Guess

Читај повеќе

Русија до крајот на годинава ќе произведе 200 милиони дози вакцина против COVID-19

Читај повеќе

Колку често и како треба да го миете реупотребливото шише за вода?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет навики кои ќе ви го сменат животот

Читај повеќе
  • filter

Неверојатна трансформација: Американката која изгуби 60 килограми за 1 година

Читај повеќе