КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2020

Сантус ја среди Бока за бразилско финале во јужноамериканската ЛШ

Филип Здравески
/ 14.01.2021 / 13:29

Нема да има бразилско-аргентинска пресметка и во финалето од Копа Либертадорес откако по Палмејрас, ноќеска и Сантус стигна до финалето.

Откако одиграа без голови на првиот натпревар во Буенос Аирес, сега на својот „Урбану Калдејра“ стадион тимот на Сантус на убедлив начин го завери пласманот во големото финале.

Во 16. минута Питука ја начна мрежата на Бока Жуниорс, а по пазуазата следуваа два брзи гола за само две минути. Во 49-тата венецуелскиот репрезентативец Јеферсон Сотелдо го дуплираше водството, а две минути подоцна Лукас Брага ја запечати судбината на немоќните Аргентинци.

Потоа во 56. минута за да биде сѐ јасно Франк Фабра беше исклучен и гостите останаа со десет играчи, а Сантус без проблеми го затвори натпреварот.

Remote video URL

Во првото полуфинале играно ден порано Ривер Плејт победи со 2:0 на гостувањето кај Палмејрас во Саун Пауло, но тоа беше недоволно бидејќи Бразилците победија со високи 3:0 на првиот натпревар во Аргентина. Парагваецот Роберт Ројас во 29-тата и Колумбиецот Рафаел Боре во 44-тата најавија пресврт, кој Ривер после паузата сепак не успеа да го направи.

Remote video URL

Големото финале, во кое ќе се сретнат Палмејрас и Сантус, е закажано за 30-ти овој месец на легендарниот „Маракана“ стадион во Рио де Жанеиро. Ќе се игра без публика со почеток во 21:00 часот по македонско време, или 17:00 по локално.

Сантус на овој пехар чека од 2011 кога и последен пат стигна до финале, додека Палмејрас чека дури од 1999 година, а една година подоцна играпе финале, но загуби.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе