Филм & ТВ

Сара Полсон е мајка со морничави тајни во првиот трејлер за „Run“

24. февруари 2020 - 15:31 | Б.С.Б.

Во хорор трилерот „Run“ американската актерка Сара Полсон толкува улога на мајка која крие страшна тајна од нејзината ќерка. Lionsgate го објави првиот трејлер на филмот, во режија на Аниш Чаганти.

Во 2018 година Чаганти постигна огромен успех со мистериозниот трилер „Searching“ со Џон Чо во улога на самохран татко кој се обидува да ја пронајде неговата ќерка, тинејџерка која мистериозно исчезнува. Филмот стана хит на бокс-офисот, заработи 75,5 милиони долари со буџет од 880 илјади долари. Исто така, филмот доби прилично позитивен критички осврт, а Чаганти доби пофалби за неговата инвентивна техника на раскажување, како и за начинот на кој длабоко ја истражува тематиката на родителството.

Во неговиот втор филм Чаганти продолжува да ја истражува идејата за родителство, но во поинаква приказна. Главните улоги во „Run“ ги толкуваат Сара Полсон како Дијана Шерман, мајка која крие мрачни тајни од нејзината ќерка Клои, улога што ја толкува младата Кира Ален, актерка која и во вистинскиот живот користи количка.

Премиерата е закажана за 8 мај.

Коментирај