СЕРИЈА А 2019/20

Сари и наредната сезона ќе го води Јуве

Шефот за фудбал во „Старата дама“ стави крај на шпекулациите кои велеа дека Маурицио Сари по само една сезона ќе биде отстранет од клупата на шампионот.

„Без двоума, Сари ќе биде тренер на Јуве и наредната сезона“, потврди Фабио Паратичи, шеф за фудбал во клубот од Торино.

Веќе некое време на Чизмата и тоа како се зборува дека поради неубедливата игра Сари нема да продолжи да седи на клупата на Јувентус. Сепак, така не мислат и луѓето во клубот, а Паратичи даде и една споредба со поранешниот тренер Масимилијано Алегри.

„Овде сум 10 години, во 9 практично секогаш бевме први или речиси на врвот. Минав 5 години со Алегри во кои освоивме 9 од можни 10 титули во Италија, плус некој освоен или загубен Суперкуп. Секој пат по некој нерешен резултат, па и после победа, имаше внатрешни гласини. Веќе сме навикнати на такви нешта, сега се смееме на таквите, така беше и во случајот со Сари изминатава недела“, вели тој.

Паратичи ги поби и гласините за наводното несогласување на Сари со главната ѕвезда во тимот, Кристијано Роналдо.

„Кристијано е многу чувствителна личност, образована, која не дозволува да му тежи статусот на најдобар фудбалер во светот. Има многу нормален однос како со нас управата, така и со фудбалерите и со тренерот“.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе