Искусниот италијански тренер Маурицио Сари откри дека му остана уште еден сон кој го нарече луд. Да стане тренер на Бока Жуниорс.
Човекот кој во својата богата кариера ги освои, меѓу другото, Скудетото и Лига Европа, повеќе од една година е без работа.
„Мојот сон е да бидам тренер на Бока Жуниорс. Тоа би бил луд сон, не знам дали е остварлив, но би сакал еден ден да добијам шанса во Бока“, изјави Сари.
Во својата речиси 35-годишна тренерска кариера, Сари меѓу другите ги водеше Емполи, Наполи, Челси, Јувентус и Лацио.