СЕРИЈА А 2019/20

Сари: Многу важна дерби победа

Предводникот на Јувентус го доби дерби дуелот со Антонио Конте и има причини да биде задоволен од прикажаното, не само од резултатот.

Маурицио Сари успеа да го надмудри колегата од противничкиот табор откако синоќа славеше важна победа од 2:0 над Интер. Неговиот состав одигра одлични втори 45 минути во кои целосно доминираше, постигна два гола и ги однесе трите бода.

„Многу важна победа, иако има уште многу натпревари до крајот. Патот сѐ уште е долг, но синоќа видовме квалитетна игра. На нашиот претходен натпревар се гледаше дека ни недостасуваше енергичност, па овој пат на терен излегоа оние кои беа подобро подготвени од таа гледна точка“, вели Сари

Во првиот дел играта беше израмнета, на моменти доминираа и гостите, но после паузата на теренот нештата драстично се сменија. Сари ги направи потребните тактички поместувања и го доби натпреварот.

„Тие се смирија откако во првото полувреме играа висок пресинг. Ние се поправивме, а голот промени многу нешта. Многу сум задоволен и од фактот што дозволивме многу малку шанси по нашиот гол и тоа од опасен тим како Интер“, рече тој алудирајќи на фактот што Интер во вториот дел упати еднај удар во рамките од голот на Војчех Шченсни.

Сари се реши во формациската поставеност да го игра офанзивецот Хуан Куадрадо како десен бек наместо како десно крило. И имаше многу добар изговор за таа одлука.

„Доколку почневме со Куадрадо како крило ќе останевме без решение во дефанзивата. Поради тоа го ставив Доуглас на та апозиција. Потоа, убаво беше што го имавме Дибала како џокер бидејќи Пауло кога влегуива во игра во моменти кога се решава натпреварот знае да стави точка. Игуаин? Играше пожртвувано, одработи одлично дури и дефанзивно, далеку од голот“, заврши стратегот на „Бјанконерите“.

Со оваа победа Јувентус се одлепи од Интер на +9, иако тимот од Милано има и натпревар помалку. Воедно, Јуве се врати на лидерската позиција со бод преднос во однос на Лацио.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе