СЕРИЈА А 2019/20

Сари се закани дека против Рома ќе игра со младинци

Саботната пресметка со Рома ќе биде петта за само 12 дена за Јувентус, ситуација со која воопшто не е среќен тренерот Маурицио Сари.

Бесен на згуснатиот распоред, стратегот на Јувентус упати закани до Лега Калчо дека во знак на протест в сабота неговиот тим би можел да истрча на терен со младинскиот тим односно оној У23 кој се натпреварува во третата лига.

Заморот кај играчите на „Старата дама“ се виде и синоќа кога на гостувањето на Сардинија загубија со 2:0 од Каљари, иако тука оправдание може да се бара и во немотивираноста бидејќи веќе го заверија Скудетото.

„Имавме повредени играчи и игравме натпревар по само 68 часа. Ние сме единствениот тим во Европа кој игра 5 натпревари за 12 дена, лигата ни направи огромни проблеми“, лут е Сари.

Јувентус допрва го чека продолжувањето на сезоната во Лигата на шампиони, па оттаму Сари би сакал да не ги преморува играчите сега кога веќе нема потреба за тоа.

„Ќе видиме како ќе се чувствуваат играчите утре. Можно е в сабота против Рома да го извадам У23 тимот за првотимците да се одморат“, вели тој.

Претходно ист проблем со календарот имаше и Интер. Антонио Конте исто така распука по Лега Калчо бидејќи и неговиот имаше натрупани натпревари со малку денови одмор и токму тогаш ја загуби битката за титулата.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе