Сари со критики за најдобриот играч: Азар не е лидер

По гласните критики упатени кон играчите на Челзи по натпреварот против Арсенал, Маурицио Сари остави и неколку замерки за индивидуалците во неговиот тим. Тој го посочи Еден Азар како фантастичен талент на кој му недостасуваат лидерски квалитети.

Откако минатата недела Челзи беше поразен од Арсенал со резултат 2:0, Маурицио Сари беше во центарот на вниманието поради неговите изјави дека играчите од тимот се „тешки за мотивирање“ и дека можеби не треба да играат на највисокото ниво.

Италијанскиот тренер вчера одговараше на новинарски прашања и кога требаше да извои лидер на тимот, тој ги издвои Цезар Аспиликуета и Давид Луиз како еден вид лидери, нагласувајќи дека Еден Азар не е во таа група иако е многу талентиран како фудбалер.

„Тој повеќе е индивидуален играч отколку што е лидер на тимот. Се разбира дека е многу важен за нас, бидејќи е одличен играч. Може да добие натпревар во само минута, со еден единствен потег“, изјави Сари.

Во последните неколку месеци силно се шпекулира за трансфер на Еден Азар во Реал Мадрид, тим кој се мачи со формата откако оттаму си замина Кристијано Роналдо. Раководството на Реал Мадрид го гледа Белгиецот како вистинска замена за Роналдо, но Челзи би сакал да го задржи Азар, кој стана фаворит на публиката на Стемфорд Бриџ.

„Нема нови вести околу новиот договор на Еден Азар. Мислам дека во моментов ниту тој не знае дали сака да остане во Челзи или да замине во некој друг клуб“, додаде Сари.

Челзи веќе утре го игра возвратниот дуел од полуфиналето на Карабао купот против Тотенхем, каде по првиот меч има дефицит од 1:0.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе