Сари за Роналдо: Сум тренирал големи играчи во мојата кариера, но уште сум немал некој како него

Маурицио Сари на свечена конференција за медиумите денеска беше претставен како нов тренер на Јувентус.

Роден во Неапол, Сари ја презема „Старата дама“ откако една сезона го водеше Челзи со кој го освои третото место во Премиер лигата и Лига Европа.

„Кога заминував од Неапол, сакав да работам во странство. Уживав во Англија, но во еден момент почувствував дека сакам да се вратам во Италија. Никогаш не сум видел таква желба на еден клуб да им бидам тренер. Луѓето ме дочекаа со раширени раце, а Јувентус е најголемиот клуб во Италија. Ова е круната на мојата кариера во која одев чекор по чекор. Серија Ц, Серија Б, Серија А, Премиер лига и сега Јувентус“, рече Сари.

Новинарите го прашаа како би ја споредил италијанската лига со англиската.

„Имаме многу за одење додека да стигнеме до тоа ниво. Огромна е разликата во инфраструктура. Гостувајќи по стадионите во Англија сфатив колку лоши услови имаме во некои делови на Италија. Атмосферата околу фудбалот исто така е значително поразлична. Таму поразите не се доживуваат толку драматично во Италија, поинаков е менталитетот“, одговори Сари.

„ Се радувам што ќе работам со Кристијано Роналдо. Сум тренирал големи играчи во мојата кариера, но уште сум немал некој како него“, рече новиот тренер на Јувентус.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе