Саркофаг од античко римско време е случајно откриен на плажа во близина на одморалиштето Свети Константин и Елена во Варна, соопшти бугарското МВР.
Поранешен полицаец го забележал саркофагот во близина на новоизградениот, но сѐ уште нефункционален комплекс и го пријавил во Петтиот регионален оддел – Варна, пренесува Новините.
Увид на локалитетот извршија стручни лица од Археолошкиот музеј и претставник од главната управа на Инспекцијата за заштита на културното наследство при Министерството за култура.