Сателитски снимки од еколошката катастрофа со насуканиот танкер во Маврициус
Од колкави размери е штетата направена од насуканиот танкер на брегот на Маврициус може да се види од сателитските снимки направени од Maxar.
Јапонскиот танкер MV Wakashio превезувал 4.000 тони нафта кога наишол на корален гребен во Индискиот Океан. Загадувањето од нафтата е видливо на неколку локации во областа. Истечено е 1.000 тони нафта, остатокот е извлечен од оштетениот јапонски брод.
Народот во Маврициус повика итна меѓународна помош за да се сопре еколошката и економската штета. Токму југоисточниот брег, на кој сега му се заканува еколошка катастрофа, е познат по сурфање, нуркање, пловење и многу е богат со флора и фауна.
Стотици волонтери учествуваа во акцијата за запирање на еколошката катастрофа од излеаната нафта. Стотици видови во оваа област се под закана од загадување, а катастрофата негативно ќе влијае на економијата, снабденоста со храна и здравјето на луѓето во Маврициус.