Саудијците ја крчкаат најголемата размена во историјата на фудбалот

Според шпански Sport, на повидок е сензационален трансфер во саудиската лига.

Ал Хилал, клубот кој минатото лето го донесе бразилскиот напаѓач Нејмар, очајно сака Бразилецот да си замине. Нејмар речиси воопшто не игра, не ја доживува тамошната лига, не е заинтересиран за сериозна рехабилитација по тешката повреда и не вреди клубот да го држи на плата од дури 100 милиони евра годишно. Плус, неодамна повторно се повреди. Шпанците пишуваат дека Саудијците не можат повеќе да издржат и прават сè што е потребно за да се ослободат од него.

Неговиот договор истекува во летото 2025 година, а Ал Хилал ќе му понуди на Нејмар раскин на договорот уште зимава. Но, тие се многу заинтересирани за потенцијална трампа, со Ал Наср, од ладе сакаат да го доведат Кристијано Роналдо.

Sport пишува за „бомбата“ и најголемата размена во историјата на фудбалот. Ал Хилал би прифатил дури и значително поголема плата на Роналдо само за да се ослободи од Нејмар. Но, засега нема индиции дека Роналдо, кој неодамна изјави дека кариерата ќе ја заврши во саудиската лига, би го прифатил тоа.

39-годишниот Роналдо оваа сезона постигна 10 голови на 14 натпревари за Ал Наср и има плата од приближно 215 милиони евра годишно, што значи дека Хилал би го чинел над 100 милиони евра повеќе од Нејмар. Нејмар, кој е седум години помлад, оваа сезона одигра само 42 минути фудбал.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе