Винисиус Жуниор (24) добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, јавуваат шпанските медиуми.
Не се наведува за кој клуб станува збор, но Aouna тврди дека Винисиус Жуниор би имал плата невидена во светот на фудбалот.
Кристијано Роналдо (39) во саудиски Ал Наср има плата од 263 милиони евра годишно, што го прави најплатениот фудбалер во светот. Според Footmercato, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.
Бразилецот би се прашувал и за спортската политика во новиот клуб, нешто како Килјан Мбапе во ПСЖ некогаш одамна.
Винисиус би станал и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 година би требало да се одржи во Саудиска Арабија.
Тој е во Реал од 2018 година, одигра вкупно 279 натпревари и постигна 91 гол. Тој освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија. Минатата недела тој заврши на второто место во изборот за наградата Златна топка.