Саудијците пуштиле двојник на Кашоги од конзулатот на денот на убиството

Снимки од камерите за надзор покажаа дека на денот кога исчезна Џамал Кашоги, од саудискиот конзулат во Истанбул излегува припадник на саудиската служба за разузнавање облечен во облеката на новинарот, со лажна брада и диоптриски очила.

Потоа „лажниот Кашоги“ продолжил да се шета низ Истанбул во текот на денот на 2 октомври.

Тој наводно е дел од 15-члениот саудиски тим што се сомничи за смртта на Кашоги. Снимката со маскираниот човек е направена неколку часа откако новинарот последен пат бил виден жив, како влегува во амбасадата.

Човекот од видеоснимката е идентификуван како Мустафа ал Мадани, според турски извор на CNN. Маскираниот човек подоцна бил виден кај Сината џамија во Истанбул, велат турските инспектори.

Турските медиуми пишуваат дека членовите на саудискиот тим го нападнале 59-годишниот Кашоги во конзулатот, му ги исекле прстите, го убиле и го расчеречиле.

Објавувањето на снимката следи откако турските медиуми објавија дека припадник на безбедносниот тим на саудискиот принц Мохамед бин Салман обавиле четири телефонски повици до кралската канцеларија од саудискиот конзулат во Истанбул на денот кога Кашоги бил убиен внатре.

Денеска CNN ја објави снимката на која Ал Мадани се појавува облечен во кошулата, сакото и панталоните на Кашоги, маскиран со лажна брада и очила, што укажува на тоа дека целата операција била однапред смислена.

Ал Мадани бил виден истиот ден претходно на аеродром само со мустаќи.

Во првите неколку дена по исчезнувањето на Кашоги, саудиските служби првично тврдеа дека Кашоги излегол од конзулатот, што укажува на тоа дека саудискиот тим го имал однапред испланирано неговото убиство.

Саудиски претставник потврди дека човекот кој излегува од конзулатот е Ал Мадани. Тој исто така рече дека откако бил пресретнат од тимот, Кашоги бил приклештен за вратот, поради што случајно починал, а потоа неговото тело било изнесено од зградата завиткано во тепих.

Во петокот, Саудиска Арабија призна дека Кашоги е мртов, откако претходно повеќепати тврдеше дека истакнатиот критичар на принцот излегол од конзулатот жив и здрав.

Во соопштението стоеше дека новинарот загинал во „тепачка“ и дека владата отпуштила петмина високи службеници и уапсила 18 други како дел од првичната истрага.

„За жал, направена е огромна и сериозна грешка и ве уверувам дека одговорните ќе бидат изведени пред суд“, изјави вчера саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир за Fox News, и додаде: „Уште не знаеме каде е телото.“

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Свет

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе